3.8 C
Skopje
четврток, јануари 9, 2025

Мицкоски до СДСМ: Нема лага која времето не ви ја демантира

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со порака до владејачката партија дека нема лага која времето не ја демантира.

Порачува дека доаѓаат промени и доаѓа обнова на Македонија.

Фејсбук статусот на Мицкоски го пренесуваме во продолжение: 

Лажна вест број 267 кажана од дувлото на СДСМ.

Лажна вест:

-1. Лага, СДСМ вели дека “во времето на Мицкоски како директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100 проценти увезувајќи енормно скапа струја”.

1. Која е вистината? Јас бев советник во Владата за енергетски прашања во периодот април 2015та година до септември 2016та година кога бев именуван за Директор на ЕЛЕМ, и таа функција ја обавував до август наредната година. Во периодот од април 2015та до август 2017та година цената на струјата во сите три пресметковни периоди се намалува. Тоа го потврдува во своите извештаи и Регулаторната комисија за енергетика каде се гледа дека:

– во периодот јуни 2015 – јуни 2016 година цената на струјата е намалена за 0.33%

– во периодот јуни 2016 – јуни 2017 година цената на струјата е намалена за 0.25%

– и во третиот извештај кој го мери периодот по јуни 2017та до август 2017та година цената на струјата е намалена за 0.25%

-2. Лага, СДСМ вели дека додека сум бил одговорен за “ЕЛЕМ парите на граѓаните ги фрлаше”

2.Но која е вистина? Како директор на ЕЛЕМ со моето заминување оставив банкарски депозит на компанијата во вистина од 1 милијарда 500 милиони денари, каса полна со 300 милиони денари, нула долгови и исплатен К15 спрема вработените на ЕЛЕМ.

-3. Лага, СДСМ вели дека го зголемиле производството на струја.

3. Но која е вистината? Производството на струја со доаѓањето на власта на СДСМ согласно извештаите на Регулаторната комисија за енергетика постојано се намалува, наместо да се зголемува, споредено со периодот пред нив.

Па така АД ЕЛЕМ произвел:

-во 2013та година 5 113 GWh

-во 2014та година 4 741 GWh

-во 2015та година 4 471 GWh

-во 2016та година 4 382 GWh

-во 2017та година 4 228 GWh

-во 2018та година 4 273 GWh

– а во 2019та година заклучно со IX месец имаа производено околу 3.240 GWh, и веројатно производството ќе биде помало од претходната година.

Овие податоци се лесно проверливи, но очигледно кога резултатите ги нема Заев и СДСМ полесно им е да излажат. Нема лага која времето не ви ја демантира, доаѓаат промени, доаѓа обновата на Македонија!