Мицкоски: Додека се расправаме кој колку проценти е, ни се исели налелението

Денеска на ТВ Клан во интервју Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека додека се расправаме кој колку проценти е од населението пола Македонија ни се исели, тука спаѓаат и Македонци и Албанци и Турци и Власи и останати, што е главниот проблем во Македонија, не кој колку проценти е.

– Решивме сите дека ова е статистичка операција, ниеден политичар не рече дека ќе ревидира политичка права, ако се сложиме сите дека е статистичка операција треба тука да градиме доверба и ова е вистинскиот начин за да ги добиеме вистинските параметри, од друга страна ако зборуваме за бројките нема потреба никој да се грижи за процентите, затоа што секој оној кој внесува страв, како одреден албански медиум кој го прочитав а е поврзан со слуги на Заев лиферува дека ВМРО-ДПМНЕ вели дека Албанците биле под 20% јас би кажал дека во 28-30% од населението од родените деца мајката е Албанка, а од 50-60 % мајката е Македонка тоа е природното движење на населението, па по тоа не е возможно да има поразлични бројки – истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека главниот проблем е што се празни Македонија, а тоа значи дека се иселуваат и Македонци и Албанци и Турци и Власи и Бошњаците, па денеска Македонија не е два милиони жители, туку многу помалку помеѓу милион и четиристотини и милион и шесто ќе бидат резултатите како резидентно население.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со пописот, објасни дека терминалот за идентификација со отисок не е трошок затоа што тие ќе бидат потрени според Изборниот законик и на следните избори.

Мицкоски објасни како изгледа терминалот за попишување каде се зема отисок и истакна дека за да има доверба во пописот треба да се изврши оваа операција, во која со самиот терминал каде го поставувате вашиот отисок докажувате дека сте присутен, и оваа опција се предлага затоа што според Изборниот законик кој е гласан од сите партии според членот 108а кој вели дека изборите следни ќе се вршат со вакви терминали на идентификација.

– Ова не е дополнителен трошок затоа што тие 5,000 терминали кои се потребни за спроведување на следните локални избори можеме да ги искористиме на овој попис, ако имаме околу 500,000 домаќинства тоа се по 100 домаќинства на тим или ако е 45 дена операцијата тоа се по две, или две ипол домаќинства на ден и со пописот ќе се заврши – истакна Мицкоски.

Тој вели дека на овој начин точно ќе се знае колку жители ќе имаме во Полошко, колку ќе има во Струмичко, во Скопско или Пелагониско и кога утре некој ќе биде премиер во Владата или министер за странски инвестиции или за економија и кога ќе дојде странски инвеститор кој ќе сака да инвестира ќе се знае точно каде има квалификувани работници според пописот.