![130943208_1742478275927624_3419940218831597771_o](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/130943208_1742478275927624_3419940218831597771_o.jpg?resize=696%2C371&ssl=1)
Државна трагедија! Колку луѓе треба да умрат за да сфатат дека нивната непсобност убива!?, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако во средата вечерта беше објавен рекордниот број починати од Covid-19 во едно деноноќие.
„Веднаш по изјавата на власта дека пикот поминал, нов црн пик, 46 лица ги загубија животите поради #COVID од кои најмладиот има 28 години.
Помеѓу две глумења лажни патриоти, додека прават распродажба на идентитетот, може барем за секунда да помислат на народот, или и тоа им е претешко.
100 дена Влада од 4 години загуби. #оставканазаевслободананародот