Мицкоски: Ќе го поддржиме протестот на уставобранителите, тие не се терористи

Како политичка партија ги поддржавме, а јас исти ќе бидам присутен на протестот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисјата „Само интервју“, што се емитува на телевизија Канал 5.

„Мислам дека казна која се темели на исказ на еден од осудените и изразена во неколку стотици години не е правда. Ние бараме да се обезбеди правда. Ако можеше со една изјава на Заев кога беше опозиционер случајот Монструм да почне од почеток може и за овие лица кои внатре се наоѓаат врз основа на еден исказ“, рече Мицкоски.

Мицкокси заклучу дека ниту тоа во Капитол мол е тероризам, ниту ова овде во што се случуваше беше тероризам.