Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешното свое обраќање пред граѓаните во Бутел се заблагодари за се што граѓаните изминатите години правеа за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ.
-Имаше моменти кога се радувавме на победите, но знам дека имаше моменти кога достоинствено ги прифаќавте поразите и тагувавме, но сите она што нас не обединуваше беше љубовта кон Македонија, визијата, желбата, сонот каква држава сакаме да имаме и каква држава сакаме да оставиме на нашите наследници. И тоа е онаа вечна дилема која што може нашиот политички противник нема да не разбере бидејќи ние ја немаме истата таа желба, таа љубов кон татковината, кон Македонија. Ние не сме подготвени како нив да ја распарчуваат, срамат, омаловажуваат и пљачкаат сопствената држава, туку ние сме достоинствени и горди Македонци кои што си ја сакаат татковината и кој се подготвени за татковината да ја жртвуваат и последната капка пот за да може таа да успее, таква каква што ние сонуваме да биде, истакна Мицкоски.
При своето обраќање претседателот Мицкоски ги повика сите граѓани масовно да излезат на 15 јули и да го заокружат бројот 14 поточно да заокружат за иднината на Македонија онаква каква што сакаат да биде затоа што можеби ќе нема шанса за поправен овој пат. Тој потенцираше дека ова не се обични избори, ова не се избори помеѓу политички партии, ова се избори на визија, на стратегија која што треба да обедини Македонци, Турци, Албанци, Власи, Бошњаци односно буквално сите да ги обедини против они кои ја пљачкосуваат и ја направија Република Македонија држава на криминалци, држава полна со корупција.
-Многумина од вас беа брутално избркани од работа затоа што биле поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Свесен сум за таа мака бидејќи таа е наша заедничка судбина и мака. Но, сите ние треба да се обединиме и да застанеме еден до друг. Ние сме се обединувале многупати во историјата до сега и сме победувале многу побројни и многу моќен противник од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.Кога јас требав на мојот народ, на мојата држава тогаш бев одлучен и храбар и се спротиставив на предизвикот затоа што верував во она што беше големо, а тоа беше сонот за онаа Македонија кава што сакаме да биде, кажа Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ќе дојдат политичките противници во Бутел и ќе зборуваат дека можат, но не направија ништо.
-Можеа да направат горда и достоинствена држава, можеа ако навистина работеа и Гугл и Фејсбук и оној гигант во автомобилската индустрија да го донесат, можеа навистина да донесат 30 000 плата. Можеа во овие три години да направат достоинствен живот за пензионерите. Можеа ветената поликлиника овде во Бутел барем да ја почнат, ако ништо повеќе. Можеа да ги вратат оние деца кои сакаа да ги претстават како жртва на претходната влада, па така безсрамно редеа обувки пред Владата. Можеа да постигнат многу работи, но за жал не успееја, потсети тој.
Мицкоски го граѓаните порача дека Заев единствено нешто што донесе е само немир во душите на сите граѓани кои живеат во Македонија. Според него таа е суровата вистина и спотовите на ВМРО-ДПММНЕ сакаат да го покажат тоа односно да ја покажат владата на СДСМ и Заев и нејзиниот неуспех.
-Ја сакам да покажам и докажам во овој 4 годишен мандат дека можело поинаку да се работи, дека можело и чесно и честито да се работи, а Македонија да биде најдобрата држава на Балканот. Тоа е нашата цел, нашата визија и тоа е она за кое вреди да се бориш. Проектот„ Обнова“ која е создадена на 360 страни и во неа може да се најдат проектите на ВМРО-ДПМНЕ за наредните години како што се предвидени 25% повисока просечна плата, минимум 20 % поголеми пензии, најмалку 640 милиони евра субвенции, ќе биде заштитено националното достоинство, ќе најдете дека за Гоце Делчев не се преговара, тој е Македоцец и уште многу други работи, додаде Мицкоски од Бутел.