Мицкоски: Ќе покажеме и докажеме дека можеме поинаку

Интервју за радио „Македонски корени“ од Сиднеј имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На прашањето дали е подготвен за тотална промена на македонското општество да се постави на вистинските вредности за да се крени изгубениот морал. Тој децидно одговори дека апсолутно е подготвен и затоа на сите собири на ВМРО-ДПМНЕ за тоа се говори.

-Тоа го зборуваме на нашите собири, а тој е дел опфатен во македонизмот, во третиот столб, така што ни е мотив да вратиме изгубениот морал кај македонските граѓани, да ја вратиме љубовта кон Македонија, оптимизмот, надежта дека можеме поинаку. И ќе покажеме и докажеме дека можеме поинаку, нагласи Мицкоски.