Мицкоски ќе се обрати на конгресот на ЕПП

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, членот на ИК и секретар за меѓународна соработка Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и претседателката на комисијата за надворешни работи Христина Рунчева-Тасев ќе присуствува на дводневниот самит на Европската Народна Партија (ЕПП) кој денеска и утре  се одржува во Загреб.

Мицкоски во рамки на самитот ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери чии партии се дел од Европската Народна Партија во рамки на самитот во Загреб.

Тој ќе оствари средба и со Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск кој е единствениот кандидат за лидер на Европската Народна Партија.

Исто така Мицкоски ќе има свое обраќање пред европските лидери за време на самитот на ЕПП.

На самитот присуствуваат поголем број на европски лидери како актуелниот претседател на ЕПП Жозеф Дол, Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан-Клод Јункер, идната претседателка на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц.