Во економијата ни се случува вистински крах, инвестициии нема никакви. Оние кои Зоран Заев ги наброја во еден фб статус беа сите кои ги донесе минатата влада, воедно нема нови, вели Христијан Мицкоски за Прес24.
Според индексот на вложувања во човечки капитал од Светска банка сме последни во Европа зад Косово, според Транспаренси Интершнл сме меѓу последни според индексите на корупција во Европа. Македонија стана рекордер по неславни резутати со оваа влада. Нема никакви оправдувања за реализацијата на буџетот за капитални инвестиции од ниски само 6 отсто за цели три месеци, вели тој.
Според него Владата и да има пари не ги користи, а не ги работи затоа што не им се работи и се неспособни. Мицкоски објаснува дека единствено нешто што прават е што се задолжуваат и префрлаат пари во буџетот од една ставка во друга, тоа се вика купи ден помини. Тоа не е стабилна економија, туку економија која се заглавува во уште поголема криза.
Покрај тоа според него не се изоставени и заканите кон администрацијата и големиот притисок под кој работат.
Нема да говорам само за оние суптилни закани, изживувања со дел од вработените во државната администрација на оние кои сакаат да му се додворат на партиското водство на власта, па тоа Заев го кажа од Велес, јавно се закани дека метлата ќе играла не само кај него туку и на другата страна. Тоа во превод би значело дека вработените во државната администрација треба да имаат на ум дека Заев може да ги избрка ако не гласаат како што Тој мисли дека треба, бидејќи нивната работа од него зависи тоа. Но јас ќе кажам дека заканувањето е знак на слабост, а и до таму чим дојде да се закануваат значи знаат дека паѓаат. Готови се. Вработените во државна администрација нека си постапуваат согласно професионалните норми и регулативи и нема ништо да им фали. Сите оние кои власта безправно ќе ги избрка поради било каков притисок и реваншизам набргу по нашето доаѓање на власт ќе ги вратиме на работа тие луѓе на кои им било нанесено било каква неправда, а ќе има одговорност и за извршителите на таа неправда, тврди Мицкоски.
Овие избори не се само претседателски, туку на овие избори навистина се одбира правецот во кој ќе се движи нашата земја. Сметам дека имаме обврска да ја смениме повеќедецениската слика за политичарите во Македонија кои во голема мера го разочараа народот и го ставија во апатија. И ова за мене не е само битка за Претседател, туку битка за принципи и вредности кои се загубија во политиката и дека можен е морал и вредности и дека вреди да се бориме за нив. Ова е битка е на секој еден кој е обесправен, кој почувствувал на своите плеќи неправда кока знае да боли и пече, кој го гуши системот и разочарува реалноста. Големиот број на граѓани кои не излегоа на изборите не е само тоа дека не сакаат избори, туку луѓето станаа апатични поради реалноста која ни се случува. А погледнете што се само се случи изминатите неколку години, политичка криза, промена на име, идентитет, криминални скандали, непотизми, убиства, амнестија на криминалци, неправди. И токму оние кои го донесоа ова сакаат граѓаните да станат идниферентни, за да им помине се полесно. Ова е битка на мојата генерација, на оваа генерација млади луѓе кои сакаат да сменат нешто. Ова е битка на душата и разумот, за држава која сакаме да ја стабилизираме вредносно и системски. Правда е потребна зошто има неправда и таа се чуствува од Дебар до Делчево, од Гевгелија до Куманово, низ целата земја. Нема правда без одговорност, а одговорноста мора да дојде, без оглед за кого се работи.