Мицкоски: Францускиот предлог има само два модифицирани збора од претходниот, ако е толку добар, Владата нека го објави јавно

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на електронската страна на Владата, ако е толку добар како што тврди Владата.

„Целосно ќе се фокусираме на решението околу францускиот предлог. Оваа Влада веќе неколку часови преку нарачи бриф-реченици во медиумите да создава голем триумф. Можам да заклучам дека овој модифициран предлог го немаме видено, но можеме да споделиме дека врз основа на информациите со кои ние располагаме дека е ништо друго освен два модифицирани зборови различни од претходниот предлог, ова е дебакл“ вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција пред седиштето на партијата.

„Ако не е така, зошто договорот не излезе на виделина, за да нема шпекулации, зошто не се објави на веб сајтот на Владата, сите да го видат. Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Сето ова е врз основа на наши извори, додаде Мицкоски.

Претседателот на најголемата опозициска партија праша „од каде знае Еди Рама дека овој предлог е прифатлив за Македонија и народот“.

-Нашата најголема опозициска партија и граѓаните, не се запознаени. Од каде Рама ја има оваа информација, а ние ја немаме? Нокаут е затоа што Владата на СДСМ и ДУИ има слаб карактер и затоа го кријат, изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ под никаков притисок нема да прифати решение штетно за народот, додаде Мицкоски, и дека за ВМРО-ДПМНЕ и првиот предлог бил ништавен за партијата.

„СДМ и ДУИ имаат традиција на предавство затоа предлогот го кријат од јавноста. Не смее Македонија да дозволи иднината да ја решаваат Бојан Маричиќ и Османи. Подобро сега да го кажеме вистинско НЕ и да се избориме за достоинствено решение , а не да прифатиме нешто што ќе не обележи следните 50 години“, рече Мицкоски.