Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција се осврна и на економијата која е во рецесија. Toj ги наброја загубите кои оваа влада ги донесе:
- Пад од речиси 6 % на економијата во трите први квартали од почетокот на годината заклучно со третиот квартал, месец септември.
- Историски најголемо задолжување на државата, за само еден квартал повеќе од 1 милијарда евра. Буџетска дупка која што на крајот на годината ќе изнесува повеќе 750 милиони евра, раст на јавниот долг за 10 процентни поени до ниво од речиси 61%.
- Имаме поголем пад на бруто инвестициите од воениот конфликт од 2001 година. Реален пад на бруто инвестициите во три квартали од 8,8% на годишна основа.
- Нема капитални инвестиции. Нема ниту 60% искористеност од втор ребаланс за капитални инвестиции, а од првиот буџет реализација е отприлика 45-46%. Зборувам во првите 11 месеци, до крајот на годината може да се помести за некој процент.
- Наместо привлекување имаме нето одлив на странски инвестиции и тука сме убедливо најниски во регионот и во Европа. Ги нема ниту оние 5 странски инвестиции кои што Зоран Заев ги ветуваше при нашето последно соочување и дебата на Македонската телевизија пред изборите.
- Повеќе од 50 илјади наши сограѓани бараат работните места, бараат работа од јануари месец заклучно со октомври или во првите 10 месеци од годината. За отприлика 5% е намален бројот на работниците во индустријата.
- Во овие 4 години на загуби, не задолжија за 2 милијарди евра, а нема ниту еден капитален проект. Електричната енергија поскапи, а анализите на невладината Фајнанс Тинк покажуваат дека половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден.
-По толку силни загуби, економија во рецесија, покачена цена на електична енергија, идентитет кој се тргува, пропадната банка, 1400 загубени животи поради корона и неспособно здравство за само 100 дена, вето за Европската унија. Владата го изгуби целиот кредибилитет, затоа мора Заев да си замине за да Македонија почне да оди напред. И најголемите скептици знаат дека вака повеќе не оди. Ги потрошија сите адути, сите ветувања, а работите не се подобри, државата за жал ја има се помалку. Подеднаква одговорност за се ова што се случува имаат парламентарните партии на власта. Не бидете соочесници на Владата која носи загуби. Одважете се и ставете се на страната на народот и продолжете да делувате и понатаму сомостојно, истакна тој.