![grand](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/grand.jpg?resize=640%2C579&ssl=1)
Политиканството на СДСМ е вклучено на најако, го гушкаа Гратски трговски центар, ветуваа мораториуми на градење а сега се кријат во врска со градбата на повеќектниците во центарот на Скопје, но јас сметам дека треба да се прашаат граѓаните за зградите во Центар, порача во петокот вечерта ристијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
„Ова со градба на згради во Центар е политиканство, игра на власта. Тие беа тие што го гушкаа ГТЦ и сега меѓусебе си имаат некој внатрепартиски препирки, тепачки. Да видиме како ќе ескалира, дали ќе има одобрение за градба, дали нема да има одобрение, дали инвеститорот ќе почне да гради“, рече Мицкоски.
Додаде дека според него за еден вид на ваква градба треба да се прашаат граѓаните, треба тие да одлучат дали да се гради или не.
„Она што јас го подржувам е инвеститорот да си ги праша граѓаните односно Општината да си ги праша граѓаните, соседите. На таа работа граѓаните треба да се изјаснат што мислат. Тие ќе бидат најзасегнати. И тоа е начинот како да се реши оваа работа“, истакна Мицкоски.
Посочи дека ако мнозинството од граѓаните решат да се гради нека се гради. Ако пак мнозинството реши да не се гради, не треба да се гради.