Мицкоски: И Гевгелија е жртва на погрешните политики на СДСМ

Денеска е ден каде што ќе ги посетиме не само Гевгелија, туку и Дојран, Богданци, Валандово. Ќе разговараме со граѓаните во овие градови, ќе разговараме и со стопанствениците, со луѓето кои што го живеат ова секојдневие во Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Сакаме практично да ја презентираме нашата програма, сите оние проекти кои се наменети за овој крај, но и наменети генерално за целата држава во следниот 4 годишен мандат на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Цениме дека ништо не е направено за овој крај изминативе повеќе од 3 години, цениме дека овој крај е исто така жртва на погрешните политики на ова раководство на СДСМ предводено до Зоран Заев. Од ветувањата кои што беа давани во минатото апсолутно ништо не се испорача. Тука пред се мислам на ветувањата дадени за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и на локалните во 2017 година – рече Мицкоски и додаде дека овој народ заслужува повеќе и дека дојде времето кога овие политички измамници ќе бидат поразени со една голема и убедлива победа на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.