Мицкоски: Имам информација дека овие денови Заев ја продава Македонија во Софија, ќе ја блокираме државата доколку прифати нешто на штета на народот и земјата

Овој наш протест овде денес е повеќе од партиски, овој наш протест е на народот против лошите политики кои носат лош живот и урнисано достоинство. Заедно заедно ќе победиме, рече на денешниот протест пред владата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-И четвртата работа до македонскиот народ и до македонската нација, до Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците, Еѓипјаните, до сите наши сограѓани, излезете браќа и сестри и помогнете и на Македонија. Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет, да не дозволиме и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден и да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата, тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот, истакна Мицкоски.