![26022020_pvrsm_press_mz_karadzovski_1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/26022020_pvrsm_press_mz_karadzovski_1.jpeg?resize=696%2C392&ssl=1)
Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, справувањето со ковид пандемијата, резултатите од локалните избори, како и за очекувањата во наредниот период во однос на формирање ново парламентарно мнозинство.
Мицкоски потенцираше дека Владата предводена од Заев и Филипче тотално потфрли и разочара. Тој додаде дека наместо да мислат на провизиите од Кина и како да се збогатат, требаше да се ангажираат за вакцини што побрзо, се со цел да се спаси сопствениот народ.
-Каде се сега Филипче и Караџовски да кажат како сме се справиле со пандемијата или што тие направиле за животите на граѓаните? Се правеше криминал врз грбот на граѓаните преку вакцини, модуларни болници и што уште не, а сето тоа се плати за жал со човечки животи. Оваа Влада е синоним за криминал и корупција, истакна Мицкоски.
Граѓаните на Република Македонија беа оставени на милост и немилост, оставени сами да се снаоѓаат и спасуваат. Голем број граѓани изгубија свои блиски во оваа пандемија, но за тоа за жал досега не одговараше никој. Одговорност мора да има, рече Мицкоски.