Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма рече дека она што го ветува ВМРО-ДПМНЕ во програмата„ Обнова на Македонија“ ќе го испорача пред граѓаните, посочувајќи дека кога се зборува за обнова, во прв ред, се зборува за вредности, чесност и работа.
„Ние тоа што го ветуваме внимаваме многу што ветуваме затоа што чуда се невозможниа не сме ние волшебници, тоа што го ветуваме е содржано во оние 360 страни и буквално сето она кое што е содржано ќе го испорачаме затоа што тоа е мерливи резултати и ќе можат граѓаните да го видат“, вели Мицкоски.
„Точно знаеме каде згрешивме и сето она коешто го дијагностициравме нема да го повториме. Не велам дека 100 проценти во тоа ќе успееме, невозможно е. Но, барем да има некаков напредок во првите 100 дена, еве би рекол и првата година народот ќе биде среќен и јас ви гарантирам дека луѓето повторно ќе ја вратат насмевката на своите лица. Ние денеска кога се бориме за обновата се бориме за систем на вредности, трудољубивост, вредност, чесност и работа“, додаде Мицкоски.