Мицкоски купи 30 сезонски влезници за ФК Вардар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека купи сезонски билети за да го помогне фудбалскиот клуб Вардар.

„Денеска купив 30 сезонски карти за ФК Вардар. Да го помогнеме Вардар, да покажеме дека навивачите се тука за најтрофејниот македонски клуб. Со срце за Вардар“, објави Мицкоски.