Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Фокус вели дека СДСМ се однесува неодговорно во врска со коронавирусот, како и со желбата за одржување избори летово.
-Кога велам да ги отвориме картите, од нас нема да чуете лицемерна политика, односно, да велиме не сме за избори, а во јавноста да брифираат датуми како што тоа го прави СДСМ. Oд една страна да велат здравјето им е најважно, а од друга да туркаат избори по цена на здравјето и економијата и додека дневните здравствени биланси сеуште ги бројат жртвите. Ајде да седнеме на маса па да ги отвориме картите, а секогаш ВМРО-ДПМНЕ има џокери и адути и ако тоа е стравот на власта еве ќе кажам тогаш имаат причина за тоа, вели во имтервјуто претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочува дека лидерската средба од претседателот на државата Стево Пендаровски ја побарал затоа што е неопходна.
-Државата се наоѓа во тешка економска и здравствена криза и многу прашања остануваат отворени, а се чини и дека недостасува консензус за начинот на кој се справува Владата со кризата. Во меѓувреме се отворија и повеќе други прашања, како што е инсистирањето на Заев дури и по цена на здравјето на граѓаните да има избори, и секако пречките кои се јавуваат на патот кон европските интеграции овој пат изразени во бугарскиот документ кој упорно македонските власти го криеа од јавноста. Јас не побарав лидерска за да бидам актуелен или пак да правиме политика од тоа, туку затоа што има насушна потреба за таков еден чекор. Да не се препукуваме по медиуми, туку граѓаните заслужуваат едно зрело однесување и на маса да се договориме за она што е најважно во овој момент, здравјето и економијата, смета Мицкоски.