-1.2 C
Skopje
петок, јануари 3, 2025

Мицкоски: Луѓето се незадоволни, сакаат промени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата 360 степени на ТВ Алсат М, истакна дека во текот на предизборната кампања посетил голем број на градови и села, се сретнал со голем број на граѓани, и она што го почувствувал е дека народот сака обнова.

-Желбата на граѓаните на овие избори е очигледна и тоа се случува на терен секојдневно бидејќи посетувам од 3 до 5 различни места, се трудам да ја поминам цела Македонија во оваа предизборна кампања и она што можам да го почувствувам, е рефлексијата од теренот, од граѓаните дека всушност луѓето навистина сакаат обнова и не се задоволни од тоа што се случуваше изминатите три години, вели Мицкоски.

Тој додава дека суштината е дека луѓето се незадоволни од живејачката, луѓето сакаат промени.

-Луѓето ова денешно секојдневие кое што го живеат не ги прави среќни и задоволни. Тоа мене ми дава храброст, но од друга страна и ме обврзува дека после 15 јули, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ќе добие масовна поддршка од граѓаните, но и голем е влогот бидејќи по тоа граѓаните очекуваат веднаш, би рекол во првите 100 дена да се направи сериозен исчекор од ова политичко мочуриште кое што сите ние тињеме заедно со граѓаните, вели Мицкоски.