
Вардар оствари сензационална победа над Барселона со 29-27 во полуфиналето на Ф4-турнирот во Келн, што го однесе во второ финале, по шампионското во 2017 година.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на ИК Трајко Славески, ги бодреше вардарци од трибините во Келн.
Мицкоски, на својот фејсбук профил, напиша дека нашите ракометари покажаа карактер, нескршливост и верба во победа.
Кога сте мотивирани и верувате во себе, нема невозможни работи и само небото е лимит. Македонски Вардар го покажа токму ова, покажа карактер, нескршливост и верба во победа. Честитки.
Напред шампиони!