Етничките заедници во Република Македонија имаат право да го користат правото да артикулираат и зборуваат на својот мајчин јазик, којшто е различен од македонскиот јазик, и цврсто стојам на овој став, рече Христијан Мицкоски при неговото вечерашно гостување на МТВ но потсетувајќи дека актуелната власт го двои општеството, и оти тоа никогаш претходно не било поразделено, бидејќи намерата на власта со законот за двојазичност не е чесна.
„Намерата е исклучиво да се манипулира со гласовите на Албанците пред претседателските избори, и дури потоа внатрекоалициона битка се создаде и немир меѓу партнерите, кога не се знаеше кој е позаслужен за ова што се случуваше- дали ДУИ или СДСМ. Едно е вие да ги освоите гласовите на Албанците, да сте честит и принципиелен со тоа што ќе направите структурна реформа, ќе реновирате болница, училиште, нов булевар, ќе го растеретите сообраќајот во Тетово, ќе ја направите канализацијата во Арачиново, ќе обезбедите нова инвестиција во Липково… Но друго е кога ги злоупотребувате чувствата со ниски страсти, преку национал-романтични предлози“, порача Мицкоски.
Но тоа како што вели Мицкоски треба да биде направено на законски и уставен начин, а не вака како што сега е направено. Додаде дека иако тоа било нормална процедура немало најпрвин во март 2018- година да се донесе на начин на којшто се донесе.
„И второ, што е многу поважно, немаше вака да се девалвира целиот процес во пет до дванаесет. Да се носи во Службен весник“и да се става во непријатна ситуација директорот на Службен весник, на полноќ да го објавува новиот број на Службен весник и ова законско решение со потпис од Талат Џафери“, рече Мицкоски.
Посочи дека намерата на СДСМ е исклучиво да се манипулира со гласовите на Албанците за претседателските избори. Дури притоа се создава внатре коалициона битка и немир помеѓу партнерите. Имаше период кога не се знаеше кој е позаслужен за ова што се случуваше. Дали ДУИ и дали е СДСМ.
„Планираме ние да се доближиме, планираме да направиме држава која што навистина ќе биде функционална или во еден момент да признаеме дека општеството ние дисфункционално па да ја удриме цртата како на Кипар. Е тоа го прави Зоран Заев. Тоа го направи со ова носење на закон. Што ќе кажат Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, Србите немаат ли они право да зборуваат на свој јазик? Ајде сите да збориме. Гледајте што ни се случува на прес конференциите, градоначалници напуштаат прес конференции, пратеници, непријатни ситуации, пропаѓаат во земја, се срамуваат. Затоа ли зборуваме? За такво законско решение зборуваме? Не е честито према припадниците на албанскиот етникум, не е само донеси закон кој што нема да биде функционален. Ние треба да донесеме закон кој што ќе е функционален, кој што ќе го користат тие луѓе“, рече Мицкоски.
Во ТВ-дебатата во Отвореното студио на МТВ 1 меѓу уредниците на националните телевизии и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уредникот на ТВ Алсат Шклзен Аќири го праша Мицкоски како ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди парнер од албанските партии. Тој потсети на една изјава на Мицкоски во Алсат дека тој лично нема ништо против Албанците и Законот за јазиците.
Стојам на ставот дека немам против етничките заедници во Македонија да го користат правото да зборуваат на мајчиниот јазик, но тоа треба да биде на законски и уставен начин, а не вака како што сега се направи. Да беше тоа нормална процедура, немаше најпрвин во март 2018 да се донесе на начин на којшто се донесе и второ, немаше вака да се девалвира целиот процес во 5 до 12 да се носи во Службен весник и да се става во незгодна позиција и директорот на Службен Весник на полноќ да го објавува ова законско решение со потпис на Талат Џафери. Ако беше чесна намерата. Но намерата не е чесна, намерата е да се манипулира со гласовите на Албанците пред претседателските избори.
Мицкоски потсети дека едно е да се освојат гласовите на чесен начин – преку структурна реформа, со реновирање болница, училиште, нов булевар, да се растовари сообраќајот во тетово, да се направи канализација во Арачиново, ова инвестиција во Липково.
Друго е кога ги злоупотребувате чувствата со ниски страсти и национал-романтични предлози. Тоа не можам да го профатам. Нашиот парнер без разлика кој ќе биде ќе биде партнер на програма којашто ќе биде основа за решшавање на реалните проблеми на граѓаните во Република Македонија и нема да има етнички предзнак. Кај нас кој било гласач не е математика. Ние ја сакаме епублика Македонија и ги сакаме гласачите на Република Македонија и ќе сториме сѐ да излеземе со достоинствена понуда со која ќе се обидеме да ги добиеме нивните симпатии. Ако не успееме, ќе се повлечеме. Тоа значи дека нашата политика е поразена. Ако политиката на поделби е вистинската опција, тогаш е во ред, но јас мислам дека политиката на кохезија е онаа која треба да ги обедини граѓаните, рече тој.
Мицкоски даде конкретни промери за поделба на граѓаните се врши по две основи: едните се за, а другите се против Преспанскиот договор, но заедничко и за едните и за другите е тоа што велат дека ова е недстоинствено и дека ние не го заслужуваме ова.
„Свесен дека не може да ги освои симпатиите на македонската етничка заедница со оваа политика, Зоран Заев се обидува со ниски страсти да оди подесно. Тогаш имате албански партии кои за да го задржат гласачкото тело мора да одат подесно од Зоран Заев. И тогаш е протодно ВМРО-ДПМНЕ да оди подесно од оваа политика кај македонскиот блок. И што сме добиле – две крајно десни позиции и на едната и на другата етночка заедница. Тао е едно општество за сите? Не! Тоа е никакво општество за никого“, рече..
Од друга страна, потенцира Мицкоски, имаме функционална федерализација со Законот за јазиците.
„Дефакто имаме федерализација. Планираме да се доближиме едни кон други, да направием држава која ќе биде навистина функционална или во еден момент да признаеме дека општеството ни е дисфункционално, па да ја удриме цртата како на Кипар. Ете тоа го направи Зоран Заев со овој закон“, рече Мицкоски.