![452483182_1088607029287889_4048333407629220035_n-960x641](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/452483182_1088607029287889_4048333407629220035_n-960x641-1.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Премиерот Христијан Мицксоки денес оствари продуктивна средба со амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом.
-На средбата разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во нашата држава. Посочив дека главна заложба на Владата е бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, како и заложбата за спроведување на реформи во правосудните органи.
Се заблагодарив за поддршката од Норвешка и изразив надеж дека во следниот период ќе продолжи соработката помеѓу двете држави, зголемената економска соработка и унапредувањето на билатералните односи. Со нетрпение очекувам продолжување на одличната соработка и реализација на нови проекти кои ќе придонесат за подобра иднина за сите нас, потенцира Мицкоски.