Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ побара оставка од Владата по крахот со имунузацијата на населението во Македонија и ненабавувањето на вакцини против ковид-19.
Денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека ако сакале можеле да сокријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни го вратила платениот капар.
-Срам немате. Можеше и да набавите вакцини, ама не набавивте. Вие сте срам за државата. Оставки веднаш!, пишува Мицкоски.