Мицкоски му го честитал изборот на Ковачевски во СДСМ, но не очекува разлика од политиките на „заевизмот“

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во емисијата „Објектив“ на Македонската телевизија одговарајќи на прашањето дали се слушнал со Димитар Ковачевски по неговиот избор за претседател на СДСМ и да дали се разговарало за средба на која што ќе се разговара за актуелни прашање на државата, рече дека искомуницирал, му честитал, но немало таков разговор за можна средба, додавајќи дека ако се суди по почетокот каде што Ковачевски манифестирал благ наклон кон Зоран Заев не очекува некоја драматична разлика од политиките на Заевизмот.

-Па мислам дека ако судиме по почетокот и она еден благ наклон кој што го манифестираше на отворена сцена кон неговиот претходник, не очекувам некоја драматична разлика од политиките на Заевизмот, изјави Мицкоски.