На 27-ми април се случила реакција на народот на нелегалниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија, а најмноги загуби ВМРО-ДПМНЕ додека ползата ја имаше некој сосема дриг, смета челникот на опозициската партија Христијан Мицковски
Мицкоски во гостувањето во четвртокот во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, потврди дека дента на 27-ми април бил пред Собрението и дека се обидувал да ја разубеди толпата да изврши упад во Собранието, за „да не подлегне на провокациите на инженерот“, притоа непосочувајќи конкретно никого.
Рече дека државата има свои органи кои треба да дадат одговор што се случи тој ден.
Запрашан од водителката да одговори кој е организатор на настаните, Мицкоски рече дека на крајот на денот ВМРО-ДПМНЕ најмногу изгуби од немилите настани кои се случија во Собранието, па по тоа се гледа дека тие не се организатор на насилството.
„Најмногу доби некој друг, а кога не знаете кој е инженерот на инженерингот, погледнете кој добил најмногу. Она што е важно да се каже е дека тој ден имаше нелегитимен избор на претседател на Собранието, акција којашто е спротивна на Деловникот и законите. Така што, логично е во таков тензичен ден да го искористите својот авторитет како личност дел од луѓето кои емотивно реагораат да ги разубедите да не подлегнуваат на инженерингот“, рече Мицкоски.
Во контекст на овие настани Мицкоски запраша во која земја во светот 12 отсто од пратеничка група е ставена во притвор?
„Местото на опозицијата е во Собранието, нашиот одговор е – да, така е. Но, кажете пример во светот каде се држат 12 отсто од пратеничката група во притвор? Во моментот кога постои политички терор, ние имаме единствена алатка тоа е демократскиот процес“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека контакт со пратениците нема и не може да има, бидејќи тие се во притвор. Пристап до нив имаат само нивните бранители. Мицвскоски ели дека е во контакт со нивните адвокати и се анализира можноста како да се делува со актот за кривичното дело со кое се сомничат. Додаде дека не станува збор само за политичкиот момент, туку во прашање и има сериозна дилема зошто се случува целата оваа работа.