
Раководството на најбројната партија во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со теренските активности и средбите со членството на партијата и граѓаните низ целата држава. Денеска генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски, беше на работен состанок со членовите на ВМРО-ДПМНЕ од скопски Карпош.
Просториите на Општинскиот Комитет Карпош, беа претесни за да ги соберат луѓето кои дојдоа на состанокот со Мицкоски. Тие испратија порака дека дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на локалните избори во октомври и тоа не само во Карпош и Скопје, туку и низ целата држава.
Граѓаните кажаа дека доволни биле само три месеци за сите граѓани да видат со каква власт си имаат работа и дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која што се грижи за националните интереси на Република Македонија.
Како што кажаа тие победа на локалните избори ќе значи и отворен пат за предвремени парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати власта и на централно ниво.