Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во среадата се сретна со Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, информираа од партијата
На средбата Мицкоски отворил повеќе теми ,меѓу кои и загрижувачката економска состојба во која се наоѓа земјава.
„Економските пакети кои Владата ги донесе во изминатиов период беа неразвојни и недоволниз а да одговорат на потребите на граѓаните и стопанството во целост. А со носењето на новиот Буџет во македонското Собрание, кој и ако најголем до сега, власта не само што не понуди економски план за надминување на состојбата, туку непродуктивното трошење продолжува, а инвестициите изостануваат. Македонија има најслаба економија во овој дел од Европа, а граѓаните поради лошите економски политики се се посиромашни“, посочил Мицкоски се наведува во соопштението
Во однос на политичката состојба во земјата Мицкоски ја изразич загриженоста што и по два месеца од локалните избори и најавената оставка на Зоран Заев, ресорните министерства и институциите „се во целосен хаос и нефункционалност поради политичките апетити и безидејноста на владеачкото мнозинство.
„Македонија, за жал, нема стабилни и функционални институции кои ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, туку институциите се заложници на корупцијата со која власта потфрли да се справи“, изјлавил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред соговрникот
Мицкоски порачал дека за надминување на кризната состојба која се одразува во секоја сфера на општественото делување, како и политичките неприлики во земјава, но и изразот на незадоволство на граѓаните кое се преслика во резултатот на локалните избори, неопходни се предвремени парламентарни избори.