Мицкоски: Набавката на вакцините е проследена со скандали, за тоа мора да се одговара

Набавката на вакцини против Covid-19 и посочи дека штом набавката на вакцини е проследена со многу скандали за тоа надлежните треба да одговараат затоа што за криминал мора да се одговара, рече во петокот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Интервју“ зборуваше за

„Многу луѓе направиле кривично дело, ама завршиле во затвор. Ако сум јас политичар и ако јас водам погрешна политика, тогаш ако таа политика не успее чесно е да се повлечам и да речам ‘извинете, јас не успеав’. Но, ако мојата политика е проследена со милион скандали, тогаш јас треба да одговарам, ако постои основано сомневање за сторен криминал“, рече лидерот на ВРО-ДПМНЕ.

„Многумина такви јунаци познавам од минатото, кога демантираа и се удираа во гради дека немало криминал беа лавови но потоа мачиња станаа. Ќе видиме тоа времето ќе покаже дали се огрешиле пред народот или не“, додаде Мицкоски.