Мицкоски: Над 27 илјади граѓани се потпишаа за Силјановска-Давкова, народот бара промени, доаѓа крај на понижувањата!

„Денес над 27 илјади граѓани, својот потпис го ставија позади кандидатот за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова“, објави на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Условот од 10 илјади потписи е надминат.

Ви благодарам за поддршката.

Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина“, истакнува Мицкоски!