Мицкоски: Нашиот став е јасен, нема поддршка за уставните измени ниту на собраниска седница, ниту на собраниска комисија

Јас повеќе од година дена го кажувам нашиот став и мислам дека тој е јасен и до сега не е променет, а не гледам ниту причина под ваков диктат да биде променет. Мојот став, а истиот е подржан од органите на партијата, на коалицијата, на пратеничката група и очекуваме навистина европско однесување од нашите стратешки партнери и со една идна влада да седнеме, да работиме за дел од тие околности кои што таму се проблематички и кои што нас не загрижуваат, да бидат променети, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени ставот за уставни измени.

Мицкоски додаде дека ставот на партијата останува ист, односно дека и во собраниската комисија и на собраниската седница ќе гласаат против уставните измени.

Самите рековте дека утре процедурата ќе започне во парламентот. Да ве потсетам на 16 јули 2022 година не бевме во парламентот, па зошто не бевме, сега утре ќе бидеме во парламентот и ќе гласаме против, па зошто сме сега во парламентот и зошто ќе гласаме против. Не можам ова незрело однесување на СДСМ и коалицијата да го разберам и начинот на кои што ги даваат пораките. Утре ќе бидеме таму присутни и точката кога ќе биде ставена на дневен ред, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против. Така ќе биде и на самата седница кога овие уставни измени предвидени според комисијата за уставни измени предводена од Цаца Николовска се доставени во парламент, рече тој и посочи дека не му е јасно зошто се стави содржината на уставните измени веднаш кога како што рече туку ако е иницијатива за отворање на Уставот се поднесува иницијатива за отворање на уставот, објасни Мицкоски.

Не знам која беше причината и кој беше мотивот содржината да се стави, ако беше мотивот дополнително да се влоши позицијата на Македонија успеа им честитам. Но, на тој начин ја влошија позицијата на сите граѓани, бидејќи за да отпочнат уставни измени никаква потреба нема во првиот чекор да ја имаме содржината на истата, туку ако е иницијатива за отворање на Уставот се поднесува иницијатива за отворање на уставот, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека комисијата за уставни измени предводена од Цаца Николовска повеќе сака да им слугуваат на Румен Радев и Бугарија, отколку на Македонија и македонските граѓани.

Очигледно е дека овие луѓе повеќе сакаат да им слугуваат на Радев и Бугарија, отколку на македонскиот народ и граѓаните во Македонија, заклучи Мицкоски.