Во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даде и свое мислење за министерот за здравство Венко Филипче и неговата ангажираност во борбата против коронавирусот.
„Од она што можам да слушнам од негови пациенти го оценуваат како коректен човек, солиден лекар и знам што значи да се биде лекар и го охрабрувам да се врати на спасувањето на спасувањето на човечките животи“, – рече Мицкоски.
Како министер Филипче кога почнала епидемијата на корона имал најмал рејтинг, рече Мицкоски. Му даде совет да избегнува сомнителни набавки. Мицкоски истакна дека и предложил награди за медицинските лица кои се справуваат со пандемијата.
„Тие што мене ми замерија дека сум ги поделил докторите, сакаат така да ја гледаат работата во тој моменти имаше многу луѓе кои беа дел од структурата на партијата и тие ми пренесоа сведоштва дека се на маргините и дека може да помогнат. Таков беше членот на ИО, доцент Игор Николов кој помина недели на инфективната клиника. Немојте да ги делите луѓето на оние што крикуваат или не. Не сум ги делел докториуте на наши и ваши“, – рече Мицкоски.