Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку социјалната мрежа Фејсбук реагираше на пишувањата на Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, потенцирајќи дека се лажни и оти тоа е невешта злоупотреба.
-Почитуван колега Рашковски, навистина ме разочаравте, а имав високо мислење за Вас, но после ова Ваше денешно писание ме разочаравте и како човек, колега но пред се и како педагог кој треба да биде пример за идните генерации…, но нејсе, велат на човек со сила можеш да му земеш, но не и да му дадеш. Пред бога сте се заколнале дека ќе му бидете кум на човекот кој го злоупотребувате за да можете на осуденикот да му се допаднете милиметар повеќе. И јас и Вие сте свесни дека ова што го пишувате е лага и груба злоупотреба на кумашинот чии наследници претпоставувам сте или ќе ги крштевате, јас ќе Ви простам, но не знам дали и тој ќе го стори истото. Колега Рашковски, за време на упадот од страна на кумашинот Ваш, со документ во рака и овластување од Владата, овозможив цивилизирано примопредавање на управувањето на компанијата која нешто помалку од една година ја водев. Како правник и професор треба да знаете дека за да биде завршен уписот во централен регистар на новите членови на надзорниот одбор, потребно е мислење и овластување од овластеното лице (а во тој момент тоа бев се уште јас д-р Христијан Мицкоски) што ќе го врши уписот, а за сопственикот на ЕЛЕМ (Владата на РМ) во тој момент, тоа лице беше Вашиот кумашин. Ги потпишав мислењето и овластувањето и работата се заврши. Документите се архивирани на денот кога престана мојот ангажман во ЕЛЕМ. Ниту сум го ангажирал Вашиот кумашин ниту адвокатската куќа која е именувана во новинарското писание, а од Ваша страна невешто злоупотребена. Колега Рашковски на лагата и се кратки нозете, но спомнете си на овој мој бесплатен совет до Вас и осуденикот, дека со вакви ефтини шибицарски финти на Владата мандатот ќе и биде уште пократок. Viva academia viva profesores, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.