Мицкоски: Не треба да постои разлика меѓу „специјалните“ обвинители и обичните

Во вечерашната дебата во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицковски кажа дека власта сака СЈО повторно да биде противуставно.

-Господнине Заев овие приказни како од бајките многу убаво звучат, но вистината е сосема поинаква , ако вас навистина ви беше важна иднината на Република Македонија овој предлог закон ќе го доставевте во Собранието некаде Декември- Јануари месец па ќе отпочинавме дијалог и ќе можевме да разговараме за сите поединости. Вие го доставивте пред една недела со ограничување е дека најпрво мора до 18-ти за да потоа го продолжите рокот до 1 Април. Ние на овој проблем му приоѓаме суштински , не му приоѓаме како бројка но она што вие го правите е принцип земи или остави, таков принцип е нечесен спрема граѓаните коишто го дале својот глас за опозицијата ниту пак за тие што го дале гласот за позицијата бидејќи на тој начин ниту се забрзува процесот за Европската Унија туку напротив се забавува истиот.

Мицкоски истакна и дека ВМРО ДПМЕ има принципиелни забелешки кои претпоставува дека Министерството за правда и Владата ги прифатиле тие забелешки само Мицкоски го потсети Заев дека заборавиле да кажат дека јавните обвинители кои што кога ќе се инкорпорираат во јавното обвинителство како посебен дел кој ќе биде наречен Специјално обвинителство во рамките на јавното обвинителство повторно ќе биде противуставно со посебни привилегии и три пати поголеми примања за тие јавни обвинители од сите останати јавни обвинители.

ВМРО-ДПМЕ денеска доставила 65 амандмани на предложенот закон, до Министерството за правда и до меѓународните институции, откако Министерството се согласило со принципите што ги побарала партијата.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за инкоропорирање на СЈО во Јавното обвинителство како посебен орган, што е и интенција на законот.

– Но, ако имаме обвинителство само со права, а не и со обврски, не сме постигнале ништо. Предлагаме да го споиме СЈО заедно со обвинителството за гонење на криминал и корупција – рече Мицкоски.

Според Заев, прашањето не е дали е потребен компромис, туку дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокираат Македонија и ќе го штитат криминалот. Мицкоски го негираше ова тврдење и најави дека партијата наскоро ќе презентира индиции за злоупотреба на 15 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба да постои разлика меѓу „специјалните“ обвинители и обичните, во никој поглед, па ни во поглед на платите.