Во делот на борбата против корупцијата Македонија на листата на Транспарентност се на 106 место или по долниот дел на табелата. Наша цел е на крајот на мандатот да се најдеме во прва третина на оваа табела тоа е голем напредок да се биде во тој дел, а јас се надевам ќе се најдеме таму со нашите политики, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Радио Слободна Европа“, програма на македонски јазик.
Прашан за бомбите кои често се објавуваат, а во кои е и самиот тој, самиот Мицкоски вели дека секаде каде има индиции надлежните треба да преземаат активности. Тој додава дека кај него нема никаво криминално дејание.
-Јас стојам на ставот дека секаде каде има било какво криминално дејание, каде има основа за корупција за противзаконито работење се треба да се процесуира. Исто така ќе ги охрабрам и обвинителството и судството да постапуваат секаде каде има индиции за сторен криминал. Ние гледавме ногу видео материјали каде фисок функционер директор на институција зема купче пари и претпоставувам навикнат си ги става во чанта. Истовремено еден адвокат и соопшти на јавноста дека неговиот клиент има закани по живот зошто поднел десеттици кривични пријави против високи функционери на власта вклучувајќи и лидер на политичка партија се надевам надлежните ќе постапуваат и по тоа, рече Мицкоски.