Мицкоски: Нема друга држава во ЕУ каде претседателот на државата има 0,2 отсто рејтинг, а опозицијата има предност пред  власта 2 спрема 1, тоа значи дека немаат легитимитет

Нема друга држава во Европската унија во којашто претседателот на државата има 0,2 отсто рејтинг, а опозицијата има предност пред власта 2 спрема 1, а тоа значи дека тие немаат легитимитет, истакна во четвртокот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина” на Канал 5 Телевизија.

„Проблемот е што власта го стави во проблем народот и иднината на државата, тоа е суштината. Во право се европските политичари кога викаат вашата Влада прифати и во право се некои од нив што не можат да разберат зошто луѓето не го прифаќаат тоа, затоа што никаде не постојат толку не кредибилни политичари со толку ниско влијание кај народот колку што имаме ние во Македонија”, рече Мицкоски.

Додаде дека суштината на проблемот е што овие луѓе немаат кредибилитет и колку подолго се таму каде што се, толку подолго ние како држава и како народ ќе имаме проблем.

„Затоа они тоа не можат да го разберат, бидејќи само во Македонија има претседател на држава со 0,2 отсто рејтинг и не верувам дека таков политичар постои во Европа кој е а на висока државна функција. Не верувам дека некаде во Европа опозицијата има повеќе од двапати поголем рејтинг од најголемата владејачка партија и тоа е резултат на мерењето на јавното мислење”, посочи Мицкоски.