Мицкоски: Нема ниту една причина повеќе Заев да биде премиер

Нема ниту една причина повеќе Зоран Заев да биде премиер на Македонија, туку треба веднаш да замине и да се распишат предвремени парламентарни избори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одгоарајќи на новинарско прашање во Брисел каде присуствува на парламентарното собрание на Европската Народна Партија.

– Во суштина истата таа причина за која што имаше предвремени избори во 2020-та година сега можеби е уште посилна, бидејќи условот е многу посилен, а тоа е се бара компромис кој што ќе биде на штета на македонскиот народ, на македонската нација, посебност, традиција, , јазик, култура, обичај итн, нешто што не беше случај во 2020тата година, бидејќи тогаш блокираше Франција, но блокираше од други причини а тоа беше методологијата за преговори. Се коригираше методологијата, објективни беа и веќе Франција понатаму не го блокираше процесот, рече Мицкоски.

Тој истакна дена Сега Бугарија не блокира затоа што сака буквално да ја начне нашата посебност како народ, нашиот јазик, нашата култура, нашата традиција и обичаи итн, нешто што навистина во 21виот век е се, само не е европска вредност.

– Зоран Заев ветува дека се ќе потпише тука кога ќе дојде, во Македонија вели дека тоа не е точно, но таму кога седи на маса за што постојат и белешки од тие разговори, бидејќи заборава дека е премиер, луѓето си прават белешки, и потоа тие прибелешки излегуваат во јавност. Она што можам да порачам е дека не само што има причина, туку јас не гледам ниту една причина зошто да остане на тоа место каде што е таму, односно премиер на Македонија. Така што не треба да гледа причина, треба веднаш да се повлече и да распишеме предвремени парламентарни избори, нагласи Мицкоски.