Денеска заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски остваривме средба со Џејмс Обрајен, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„На средбата ги потврдивме добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратешкото партнерство на САД со Македонија. Воедно истакнав дека стратешки интерес на Македонија освен членството во Европската Унија е и заштита на националните и идентитетски обележја на македонскиот народ и Македонија“, напиша тој.
Мицкоски посочи: „Беше и афирмирана потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот како голем проблем на граѓаните, и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата. Се осврнавме на повеќе прашања од регионално значење како и идните политики во однос на тие теми и области“.