Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање на трибината по повод Светскиот ден на учителот насловена „Учителот – некогаш, денес и утре“ истакна дека образованието ни е важно затоа што без образование нема економија, а без економија нема живот, а без живот нема народ и нема држава.
„Затоа очекувам да се поразговара поконкретно во образованието што е тоа што денеска констатирано дека може да биде подобрено. А ние како идна влада понатаму тоа да го коригираме, подобриме, надградиме или да имплементираме нешто автентично кое ние ќе го понудиме“, рече Мицкоски.
Нагласи дека ќе се добијат одговори на многу прашања и нема дилема и убеден е дека тие одговори ќе ги слушнеме.
„Дозволете ми да го честитам денот на учителот и да посакам многу полни училишни клупи со многу ученици кои понатаму ќе ја градат нашата Македонија бидејќи без нив ќе нема народ, а без народ нема ни држава“, изјави Мицкоски.