Присуствував на ручекот организиран од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со лидерите на земјите од Западен Балкан, објави на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
-Во фокусот на агендата беше планот за развој на Европската Унија. Подвлеков дека регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата и дека мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот процес. Ја повторив нашата заложба за остварување на стратешката цел, членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми, истакна Мицкоски.