
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари посета на општините Гевгелија и Богданци. Тој имаше средба со стопанственици во мотел „Вардар“
-Што туку завршивме со состанокот, би рекол средбата која што беше прилично корисна за нас со стопанствениците од овде од Гевгелија, разговаравме за реалната состојба и условите во кои што тие стопанисуваат и битката која што за нив е исцрпувачка, а тоа е да го задржат секој еден вработен на работното место. Навистина ова се луѓе со импресивен карактер и луѓе кои што во време на криза, во време на пандемија, во време на би рекол човечки предизвик успеваат да вложат натчовечки напори и да ги одржат своите стопански капацитети и да обезбедат денар плус за да можат да ги задржат и вработените на работните места и да на време да ги исплатат би рекол месечните примања со кои што пак овие вработени потоа ги хранат своите семејства, истакна тој.
-Ги кажаа проблемите со кои што стопанисуваат, разочараноста од политиките на Владата во делот на економијата, незадоволството би рекол од се присутниот криминал и корупција која што Македонија ја донесе за жал на 111-тото место на скалата на „Транспаренси Интернешнл“, на нереализираните ветувања кои што пред секои избори овдека СДСМ предводена од Зоран Заев ги дава и се обврзува, а потоа никаде ги нема, ниту пак да седнат да поразговараат, посочи тој.
Оцени дека е присутна разочараност.
-Генерално, една разочараност е присутна. Но истовремено и мотивираност и начинот за натчовечки напори да се обезбеди денар за да се задржат работните места, бизнисот и навреме да се исплатат платите и да се сервисираат обврските кон доверителите. Така што јас им честитам на тие луѓе и им ја стегам раката и ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш така и во иднина ќе продолжи да биде нивен партнер и да ги поддржува економските политики и ќе биде револуционерна во креирање на нови економски политики што ќе додадат вредност на производите на овие стопанственици, заклучи Мицкоски.