Мицкоски: Оние во власта сакаат да си ги спасат кариерите со капитулантскиот договор со Грција

Договорот со Грција значи промена на име и идентитет, а за оние од власта значи спас на нивните кариери, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во петокот вечерта на средбата со граѓани во скопската општина Ѓорче Петров, додаваји каде народот совршено јасно вели НЕ за капитулантскиот договор.

„Имаме штетен договор скроен со грчки терк. И луѓето кои направија економско цунами, кои не сработија-ниту еден проект, кои воведоа зголемување на акцизата на горива, кои донесоа сиромаштија, несигурност по улиците и страдања, не може да донесат иднина. Иднината која ја нудат е поплочена со лукративни намери за да продолжат да крадат и земаат тендери“, објави  Мицкоски по средбата со жителите на Ѓорче Петров.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека за Македонија, договорот со Грција значи промена на име и идентитет, а за оние од власта значи спас на нивните кариери.

„Нема да бидеме дел од генерацијата кои се себепрекрстиле и ги прекрстиле своите деца и сите идни генерации.Затоа народот е на нозе и народот ќе го отфрли договор на Заев за понижена Македонија. Македоника е силна и Македонија ќе победи“, истакна Мицкоски.

Нам не ни треба ниту луксуз, ниту црвени килими, додаде лидерот на опозицијата

„Нас ни требаа само доверба од граѓаните на Република Македонија, од нашите сопартијци, од подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, од македонската нација за да истраеме во оваа битка која што ја започнавме пред неколку месеци. Ние таа доверба од ден на ден ја добиваме, ја чувствуваме како пулсира ширум плоштадите, ширум штабовите на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија во сите оние средби кои што ги имаме со вас граѓаните“, рече меѓу другото Мицкоски.

Потпретседателот Мисајлоски додаде дека и покрај тоа што Македонија и граѓаните се наоѓа во едно тешко време, ВМРО-ДПМНЕ е познат по еден симбол а тоа е лавото, додавајќи дека колку и да е борбата тешка лавот секогаш се воздигнува и победува.

„Кога многу граѓани или многу интелектуалци велат да се изгради став јас би им порачал вака: Многу луѓе сакаат да го видат лавот паднат, бидејќи е најмоќен. Многу луѓе сакаат да видат како ќе биде измачуван, прогонуван, зошто е најмоќен. Многу луѓе сакаат да видат како се мачи тој и како ќе падне на колена и неговата глава. Но, јас морам да ви кажам нешто лавот кога е најдолу повторно секој има страв од лавот и тој се воздигнува и победува. Затоа борбата секогаш ќе продолжи“, рече.

Мицкоски додаде дека во време на СДСМ и Зоран Заев, граѓаните живеат многу лошо, потенцирајќи го економското цунами, покачувањето на акцизата за гориво, немањето на капитални инвестиции, безбедност на граѓаните е доведена во прашање, корупција, криминални тендери склучени во четири очи кое што резултира со осиромашување на граѓаните а богатење на партиските функционери, а на сметка на ова ги распродаваат националните и државните интереси и ја понижуваат Република Македонија и нејзините граѓани.