Па неколку општини се веќе во фаза, тоа ќе ја задвижи ликвидноста на самата берза, бидејќи ќе има голем интерес и од граѓаните, навистина условите се исклучително квалитетни, тоа е уште еден извор на дополнителни финансии за да може да се реализира ветеното во кампањата, односно да се подобри квалитетот на животот на граѓаните, што е наша основна цел како народна партија. Штип е веќе во најнапредна фаза има уште неколку општини кој што се малку поназад, но прашање е на денови, би рекол кога и тие исто така ќе ја завршат онаа формална процедура, изјави Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на изјава за медиуми од теренската посета на Кавадарци.
Тој исто така ја најави зелената обврзница која ќе ја издава општина Аеродром, а чии средства ќе се користат за подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти со кои раководи општината.
-Така што иновираме, ВМРО-ДПМНЕ секогаш била партија која што иновира, така и сега во овие тешки услови кога Владата со сите средства гледа да ги опструира општините, да им наштети, да го закочи нивниот развој казнувајќи ги граѓаните, затоа што не ги гласале кандидатите на СДСМ, ние сепак наоѓаме начин да се справиме со сето ова и да успееме да реализираме проекти. Ќе ве потсетам на отчетот споменавме реализација на капитални проекти поголема од 7 милијарди денари, тоа е многу повеќе од тоа што го има Владата целосно реализирано со државниот буџет, така што ви зборам како гринфилд, не зборувам како средства, како што они ги книжат како капитални инвестиции, бидејќи 70-80% се услуги, односно консултантски договори и слично, истакна Мицкоски.
Тој дополнително потенцираше дека тие ќе продолжат да реализираат проекти, да покажат разлика и ги повика политичките противници да се охрабрат и да излезат на избори.