Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
„Ги потврдивме исклучителните пријателски односи меѓу двете држави. Изразив благодарност за поддршката која ја добива државава од пријателска Хрватска.
Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство“- истакна Мицкоски по средбата.