Мицкоски оствари средба со Кристијан Сагарц, eвропратеник од Австриската народна партија и известувач во сенка за Македонија во ЕП

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, аедно со потпретседателот Тимчо Муцунски voво четвртокот во партиското седиште се сретнаа со Кристијан Сагарц, европратеник од Австриската народна партија (OVP) известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент.

На средбата се разговараше за актуелната и политичка ситуација во Македонија, европската перспектива на државата како и ковид пандемијата и енергетската криза.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски информираше за лошата економска состојба во државата која е пред се поради лошото работење на актуелната власт, како и тоа дека власта нема план како да се справи со предизвиците и да ги избави граѓаните од сиромаштијата.

Мицкоски истакна и дека корупцијата и немањето владеење на правото во земјава остануваат големи проблеми, кои се важни во напредокот на државата, а кои власта нема намера да ги решава и посочи дека токму затоа се потребни брзи предвремени парламентарни избори за да може да дојде власт која ќе се справи со предизвиците.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја афирмираше заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за побрз почеток на пристапните преговори со ЕУ.

На средбата исто така беше потврдена добрата соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Австриската народна партија во рамките на Европската народна партија, како и отворената можност за соработка помеѓу македонски и австриски општини во насока на имплементација на проекти од фондови на ЕУ.