Мицкоски: Оваа кампања е значаен момент за македонската демократија, првпат граѓаните директно можат да го креираат буџетот, повеќе од 800 проекти се пристигнати од изминатиот викенд

Чест и задоволство е да сум денеска овде со граѓаните во општина Аеродром, да можеме да ја продолжиме онаа акција која што ја започнавме минатата недела. Денеска и утре повторно ќе имаат можност граѓаните да ги презентираат своите гледишта, да предложат по некој проект кој што ќе биде дел од проектите коишто ќе се реализираат во општините ширум Македонија, така и овде во Аеродром, рече во саботата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Слушнавте од градоначалникот затоа што се сѐ планира за следната година. Тука имаме навистина амбициозен тим  во општината и покрај тоа што немаше никакви проекти изминатата година буквално од почеток се проектираше и можеме да кажеме дека еве веќе две градинки, доградба, надградба на две училишта, паркови, плоштади итн. ќе бидат дел од проектите кои што ќе бидат реализирани, вклучително и делот од оние проекти кои што граѓаните преку овие отворени денови ќе ги предложат.

Така што исклучително значаен момент за македонската демократија, првпат граѓаните директно да можат да го креираат буџетот на некоја од институциите. Повеќе чисто како информација да кажам повеќе од 800 проекти се пристигнати од страна на граѓаните преку директните средби и преку веб страницата budzet.mk. Значи повеќе од 800 проекти се резултат на оваа кампања „Биди дел од промените, иднина што носат”.

Ќе повторам продолжуваме да иновираме, продолжуваме и понатаму да работиме во интерес на граѓаните. После оној отчет транспарентен дводневен кој што го имаа повеќе од стотина официјални лица на општините каде што ВМРО-ДПМНЕ има свои градоначалник или ја споделува локалната самоуправа. Сега имаме повторно два викенда каде што може директно граѓаните да бидат креатори на проектите кои што ќе се реализираат. Односно да гледаат каде се трошат парите кои што ги прибираат општинските буџети“, рече за новинарите Мицкоски.