
Овојпат конечно ќе расчистиме со овие транзициони политички измамници коишто, за жал, денес се секојдневие во Република Македонија, порача во вторникот вечерта претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој се сретна со граѓаните на општина Кочани, Кочанско Оризари и општина Чешиново Облешево.
На средбата во Кочани претседателот Мицкоски истакна дека 21 април граѓаните со поддршка за кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова го победиле злото, како и вистината наспроти лагата, а тоа ќе го запечатат и во вториот круг на 5 мај кога повторно ќе се обединат и ќе застанат рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ давајќи целосна поддршка на Силјановска Давкова и на правото и правдата.
На првиот меѓник победи доброто наспроти злото, вистината ја победи лагата, правдата ја победи неправдата. Јас сум дека убеден овој пат конечно ќе расчистиме со овие транзициони политички измамници кои што за жал се денеска секојдневие во Република Македонија и ќе ги пратиме онаму каде што им е местото, на темната страна на историјата, вели Мицкоски. Не веруваа, не омаловажуваа, не понижуваа никој не веруваше во ова што денеска е ВМРО-ДПМНЕ, никој не веруваше во нашата победа. Но, ние успеавме во 47 општини во Република Македонија да се издигнеме како феникс од пепел, да се обединиме, да застанеме рамо до рамо, да ги убедиме нашите сограѓани во нашите вредности, во вистината, во правдината, во правдата, наспроти неправдата, лагите, манипулациите, честитоста наспроти нечеститоста. Ги убедивме нашите сограѓани во љубовта кон нашата татковина, во љубовта кон Македонија. Јас сум убеден дека истото тоа заедничко овие преостанати неколку дена сите заедно ќе го сториме не само овде во Кочани туку секаде во Македонија и ќе издвојуваме една огромна победа за Гордана, за Македонија, но и за ВМРО-ДПМНЕ, кажа Мицкоски.
На средбата во кочанско Оризари пред присутните граѓани, Мицкоски стави посебен акцент на сите празни ветувања од страна на СДСМ и Заев, нагласувајќи дека и покрај сите ветувања земјоделците единствено што добиле од СДСМ и Заев е потценување на нивната мака и труд.
Кочанско Оризари одбира правда. Земјоделците велат власта ниту едно ветување не оствари од оние кои ги даваа пред изборите. Земјоделците не се задоволни зошто државата им го потценува трудот. Земјоделците не се плашат и земјоделците ќе одберат правда за Македонија, рече Мицкоски.
При посета во Чешиново Облешево Мицкоски порача дека жителите од оваа општина нема да подлегнат на лагите и манипулациите и дека на 5 мај оваа ненародна власт на СДСМ и Заев конечно целосно ќе биде делегитимирана од страна на народот.
Чешиново Облешево се крева против неправдите. Нема да подлегне на лагите на власта. И ним им е јасно дека паѓаат. Пендаровски го плаши народот да не дозволеле да победи Силјановска зошто тогаш ќе имало парламентарни избори на кои ќе победело ВМРО – ДПМНЕ. Значи и ним им е касно дека владеат без поддршка на мнозинството граѓани, со други зборови се делегитимирани. Време е да ја смениме сликата за политичарите, време е за ново време каде ќе победи правдата, честитоста и вистинскиот напредок, изјави Мицкоски.