![micko 07](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/micko-07.jpg?resize=696%2C462&ssl=1)
Кога говорат за зелена такса има една голема лага и вистина која не ѝ се кажува на јавноста. Првата голема лага е новата зелена партија која веднаш по промоција на зелената агенда, следна тема ѝ беа химна, знаме, јазик, а потоа од претседателот на Собранието, Талат Џафери следеше и грубо кршење на Уставот во Брисел за што ќе следи кривична пријава и интерпелација за Џафери.
„Тоа е сѐ само не зелена агенда“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.
Мицкоски укажа дека ова што се нарекува зелен данок, тој би го нарекол воен данок.
„Вистината е пак дека ги потрошија партите во непродуктивни трошоци, во поткуп за минатите избори и сега како ќе поткупуваат без пари, ќе гребат од асфалт, ама тој треба да се плати, а немаат како и од што и како ај удри по џеб на граѓаните“, рече Мицкоски.
Според него надлежните ја водат државата во банкрот.
„Буџетски дефицит е 65 – 70 милиони евра дефицит или со други зборови државата оди во амбис“, заклучи Мицкоски.