Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски се „киднапирани“ од ДУИ

„Имаме власт која е во распаѓање, тотална анархија во институциите. Премиер кој наутро си пишува оставка и вели доста е, не можел да го издржи притисокот. Попладне доделува тендери, а навечер говори за тоа како ќе ја спасел Македонија и ќе ја внел во Европската Унија. Ниту неговото членство во него не гледа сериозен фактор, затоа што тие и не знаат кој вистински им ја води партијата. Но, да бидам искрен, кој и да е, едно е сигурно, најголемото влијание во СДС има и со Бихаќка управува Речица. СДС е киднапирана партија и слуга на вистинскиот и најголем партнер во владата, а тоа е ДУИ која 20 години е власт и со тек на годините станаа криминализирана група силно вмрежена и ухлебена во државните институции“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски вечерва од Кавадарци.

Мицкоски додаде дека и не само ДУИ што ја поседува СДС туку им го поседува и претседателот на државата Пендаровски.

„Кога велам им го поседува претседателот, велам затоа што Пендаровски, изминативе 4 години и повеќе ја испушти можноста со своите постапки да биде претседател на сите граѓани, тој покажа и докажа дека е претседател само на оние малкумина кои се уште го поддржуваат. Затоа велам им го киднапираа и претседателот на државата, а тоа е Пендаровски“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека човекот нема став кој не го промени. Македонија има претседател во два облика. Првиот е оној кој се појавува на интервјуа и телевизија и говори она што сака да го чуе народот, а вториот облик е оној кој го среќаваме при носењето на одлуките, целосно спротивен од тоа што претходно го говорел.

„Па од Пендаровски јавно интервјуа, неговите настапи по телевизиите ќе слушнете за француски предлог дека не го прифаќа, но затоа на маса кога го седнаа без двоумење веднаш го прифати истиот предлог. На интервјуа имаше и тој сомнежи за договорите за Коридорите 8 и 10 д, но на маса ги потпиша сите закони и ги прати во Собрание. ДУИ не само што ги киднапира институциите туку во заложништво го држи СДС и Пендаровски. Фали, уште она како на вицот „трепнете двапати да не сте киднапирани“.“, појасни Мицкоски.

Таква е и политиката на власта. Имаме премиер и претседател кои исполнуваат желби на ДУИ само за да си купат време и поддршка за фотелјите кои ги запоседнале. Тука не прибираат колку штета ќе направат на Македонија.