Мицкоски: Пендаровски ми звучеше како аналитичар, наместо претседател

Лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „Само вистина“ што се емитува на телевизија Канал 5, се осврна на годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски, оценувајќи дека тој звучел повеќе како аналитичар, наместо како претседател.

„Од она што го слушнав и што читав што во медиумите ми делува како аналитичар не како претседател. Тој има алатки и можности. Сите можеме да констатираме и да кажеме како е. Треба да кажеме како да се направи да чини. Тој е претседател бил дел од владеачко мнозинство и треба да каже како треба да биде подобро“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека не се замрзнати односите, но тоа не значи не може тој да критикува.

„Мој став е ова и луѓето не треба да се лутат кога некој ги критикува. Јас имам аргументи за моите ставови“, рече Мицкоски.