Мицкоски побара итна оставка од Спасовски за прислушувањето на обвинителите

Јавноста во Република Македонија е сведок на повторно едно скандалозно однесување на луѓе или структури блиски до СДСМ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на новинарско прашање да го коментира скандалот со двегодишното прислушување во Јавното обвинителство, што претходно во петокот го обелодени јавниот обвинетел  Љубомир Јовески.

„Станува збора за едно скандалозно однесување на МВР, некаде таму на почетокот на септември месеци во 2016 година. Ќе повторам тогаш технички министер е господинот Оливер Спасовски па се до ден денешен. Исто така ја прочитав онаа помалку смешна изјава од страна на владиниот портпарол каде што повторно некој друг му е виновен, а не ја бара вината во сопствените редови. Однесувањето на СДСМ изминатите година и половина ни е јасно, кога немаат факти и аргументи кога не знаат како да ги решаваат проблемите тогаш секогаш се навраќаат назад во минатото и бараат виновник во некој кој претходно бил“, потсети опозицискиот лидер.

Но, за жал, истакна Мицскоски, виновникот треба да го бараат во сопствените редови, бидејќи како што беше објавено првите разговори се снимени на почетокот од септември а снимањето траело до денс.

„Министер за внатрешни работи во министерството за внатрешни работи е господинот Оливер Спасовски. Најмалку што може да направи по серијата на катастрофални грешки во овие година и половина во серијата неразјаснети криминални активности во република Македонија е господинот Оливер Спасовски да си поднесе веднаш неотповиклива оставка“, изјави Мицкоски.