Во вечерашната емисија „Отворено“ на телевизија Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој меѓу другото предупреди дека од премиерот Зоран Заев и од луѓето од неговото опкружување, може да се очекува и оти самиот тој да биде цел на прогон од власт, но и оти е подготвен на борба до крај против „деспотот“.
„Јас повеќе би избрал и се борам за победа низ маратон тежок отколку краткотраен шпринтерски пораз, и така ја користам еве оваа прилика, бидејќи ме прашавте што мислам, лично јас мислам дека лично можеби во тие сценарија ќе биде некој план за приведување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , лидерот на опозицијата и на тие другите останатите блиски соработници што се околу него. Јас и сега ќе ја користам оваа прилика да апелирам и до граѓаните и до оние луѓе од раководството кои што ќе останат да продолжат да се борат, да не носат одлуки под емоција“, рече Мицкоски.
Потенцираше дека е свесен за предизвиците со кои што се соочува партијата и дека има разработено јасен план во консултација со неговите соработници.
„Имам јасен план разработено во соработка со луѓе со кои што сум се консултирал. Јас сум свесен дека можеби и до тоа да дојде, сум разговарал и со луѓето кои што се од моето семејство дека од Зоран Заев и тие околу него се може да се очекува па може и тоа да се очекува да дојдат да ме приведат. Еве ова нека биде и апел до оние луѓе кои што се врткараат, една специјална единица на Министерството за внатрешни работи изминативе денови околу мојата куќа со изговор дека се тука да го набљудуваат училишниот двор на училиштето кое што е во непосредна близина на мојот дом. Јас сум подготвен и тука нема никаква дилема дека знам која е целта на оваа деспотска власт“, рече Мицкоски.
Посочи дека многу луѓе во минатото беа жртви на разни притисоци, уцени и ја видоа која е формулата на Заев кога беше опозиционер ги снимале луѓето.
Нема функционер во или во близина на Владата кој нема сомнежи за инкриминирачки дејанија, така што на сите оние граѓани кои биле под притисок на овие властодршци, дел од нив се заштитиле еден начин, други на друг и да дел од тоа стигнало до опозицијата, вели Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телезвија Алфа.
„Но, сето тоа треба детално да се провери, да се анализира. Ние не сакаме на ниски страсти со воајеризам да победиме на избори и да ја формираме следната влада. Ние сакаме да дојдеме на власт со програма и така да ги погазиме и да ги пратиме каде што им е местото’, рече Мицкоски.